Europe’s citizens are facing unprecedented challenges for their food security and access to healthy, nutritious food because of the effects of the COVID-19 pandemic, the increased cost of living and environmental pressures (severe heat, drought, wildfires, etc.). In the Macedonian context, the challenges are further compounded by the energy crisis, food import dependency, the structural poverty and corruption. More of the same will not be enough to support our citizens to face current and future challenges to maintaining healthy and sustainable dietary behaviour. To address these challenges head on, ARETE and the Municipality of Prilep have joined a consortium of 35 partners across 15 European countries that will jointly implement a five-year, 13-million-euro project called FEAST (Food systems that support transitions to healthy and sustainable diets).

FEAST will partner directly with communities, cities and national governments across Europe to conceptualize and implement place-specific strategies for increasing the sustainability and health impact of local dietary habits, food procurement practices and food system policies. Marginalized and vulnerable groups will be central in these activities to ensure we see a just transition for all European stakeholders.

To learn more about the project visit us at: http://www.feast2030.eu


АРЕТЕ и Општина Прилеп се дел од нова иницијатива на ЕУ за реобмислување на системот за исхрана во Европа

Европските граѓани се соочуваат со предизвици без преседан во однос на пристапот до хранлива и здрава храна, поради низа на причини како што се зголемените трошоци за живот, Ковид-19 пандемијата и еколошките притисоци (суши, пожари, поплави и слично). Во македонскиот контекст, предизвиците се дополнително зголемени поради енергетската криза, растечката зависност од увезена храна, структурната сиромаштија и корупција.  Досегашните пракси и пристапи нема да бидат доволни за да се одговори на предизвиците кои постојат за обезбедување на здрава и одржлива исхрана. За да пронајде одговори на дел од овие прашања, ARETE и Општина Прилеп станаа дел од конзорциум од вкупно 35 партнери од 15 европски земји кои заеднички ќе спроведат 5 годишен проект со име FEAST (Системи на храна кои поддржуваат транзиција кон здрава и одржлива исхрана).  Координатор на проектот е Универзитетот од Хајделберг, Германија, а истиот е финансиран преку Хоризонт Европа инструментот за финансирање на Европската унија.  

Во проектот директно ќе соработуваат заедници, Општини и Влади од цела Европа со цел да ги истражат постоечките предизвици, и да понудат стратегии кои одговараат на потребите на различните региони за подобрување или унапредување на локалните навики за исхрана, начините за набавка на храна како и политиките за справување со системите на исхрана. Маргинализираните и ранливите групи ќе бидат од централно значење во овие активности кои целат кон праведна транзиција за сите европски чинители. Партнерите во проектот се експерти од областа на земјоделството, здравата исхрана и јавното здравје. Покрај општина Прилеп, учествуваат и општините на градот Авињон од Франција, Ситија од Грција, Лувен и Гент од Белгија и Ротердам од Холандија. Повеќе информации се достапни на веб страната на проектот: www.feast2030.eu 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s